Home » Силјановска Давкова со над 10% предност пред Пендаровски, покажува мартовската анкета на ИПИС

Силјановска Давкова со над 10% предност пред Пендаровски, покажува мартовската анкета на ИПИС

by Журнал.мк

Разликата меѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски се зголемува.

Во февруари годинава таа изнесувала 8,7%, а во март – 10,2% во корист на кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Во синоќешната емисија Објектив на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата спроведена од ИПИС во март, собрани на ниво на целата држава.

На прашање „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6% од анкетираните кажале дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател Стево Пендаровски.

По нив следат Бујар Османи со 7% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.

Во февруари за Силјановска Давкова се изјасниле 20,2%, а Пендаровски во февруари имал 11,5% поддршка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More