Професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, вечерва во гостување на ТВ21 истакна дека нема ништо против тоа земјава да има премиер Албанец, но и оти треба да се почитува законот.
„Не знам за што се договарале, јас сум легалист. Законот мора да го препрочитаат сите законот за Владата, таа измена и таму пишува дека 100 дена пред изборите, кандидат за премиер предлага партијата од власта што има најмногу пратеници значи тоа да си го имаат во предвид, ако мислат повторно да прават некоја измена“, рече Сиљановска-Давкова.
Таа посочи дека има извонредни министри Албанци, како и пратеници, а особено пратенички.
„Далеку подобри се од пратениците Албанци, позабележителни и од ДУИ, Алијанса исто така“, додава Сиљановска-Давкова.
Во врска со тоа дали е потребна техничка влада на 100 дека пред секои избори, таа рече дека тоа е „изум“ специфичен за нашиот политички систем.
„Технички влади има во повеќе држави, не личат на нашите влади. Техничка влада по дефиниција значи експертска влада, најчесто се тоа врвни бирократи ама бирократијата е неутрална, стручна и компетентна. Кај нас има некои изуми бидејќи ние сме „чудо“ кое што треба да престане еднаш, туку треба да станеме стандардни, тоа се луѓе кои треба независно, објективно според Уставот и законите да ги спроведат изборите. Глупостите од типот дополнителен министер со право на мето/вето и слично се пржински изум“, вели Сиљановска-Давкова.