Претседателката Гордана Силјановска Давкова прво ќе го анализира законот за реорганизација на министерствата, а потоа ќе донесе одлука дали ќе го потпише.
Од кабинетот на Силјановска Давкова велат дека по анализа на претседателката, таа ќе одлучи дали ќе го потпише законот.
„Претседателката го разгледува и анализира законот и во наредниве денови ќе донесе одлука во врска со потпишување на указот за негово стапување на сила“, велат од таму.