Home » Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата

Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е должна да го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа бидејќи станува збор за системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство.

-Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот, соопштија денеска од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ноќеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што, како што беше посочено, се создаваат услови за формирање нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот форнт синоќа објавија дека постигнале договор за поддршка за измените, како и за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More