Home » Сиљановска во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина

Сиљановска во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, на 15 и 16 јуни 2024 година во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес, велат од претседателскиот кабинет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More