Home » Сиљановска Давкова во посета на Италија и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Сиљановска Давкова во посета на Италија и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

by Журнал.мк

Македонската Претседателка Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува и ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Утре таа во Апостолската палата ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин.

Во петок, претседателката Сиљановска Давкова во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил.

Претседателката ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, кадешто ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во петок е планирано Сиљановска Давкова да оствари тет-а-тет средба со претседателот на Италија, Серџо Матарела, по што е предвидена пленарна средба на делегациите на двете земји.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, Сиљановска Давкова во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, во состав на државно-црковната делегација, што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова се заменик министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италија, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол – Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи – Даријан Сотировски, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот Европски, г. Пимен.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More