Home » Сиљановска-Давкова со американскиот претседател Трамп во Хаг: Остануваме посветени на сојузништвото со САД

Сиљановска-Давкова со американскиот претседател Трамп во Хаг: Остануваме посветени на сојузништвото со САД

by Журнал.мк

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска имала кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Хаг, каде што се одржува Самитот на НАТО.

-Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство. Остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко, напиша Сиљановска-Давкова на Фејсбук каде што се објавени и фотографии од средбата со Трамп на која присуствувал и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, каде што истакна дека „НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана“.

Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг ја предводи македонската делегација во која се министрите за надворешни работи и надворешна трговија и за одбрана, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk