Home » Сиљановска-Давкова се сретнан со полскиот претседател Анджеј Дуда

Сиљановска-Давкова се сретнан со полскиот претседател Анджеј Дуда

by Журнал.мк

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за мир во Украина што се одржува во Швајцарија, денеска остварила средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи, за состојбите во регионот, европските интеграции и за глобалните безбедносни предизвици, како и соработката на двете држави како сојузнички во НАТО.

-Соговорниците изразија задоволство од одличната соработка воспоставена на традиционално пријателство и констатираа дека двете држави споделуваат врска создадена во текот на три децении соработка, меѓусебна почит, доверба и разбирање. Беше посочено дека оваа година славиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, што е доказ за трајно партнерство и заедничките вредности, се наведува во соопштението.

Претседателката ја поздравила „недвосмислената поддршка од Полска на долгиот македонски пат кон ЕУ“ и ја нагласила „важноста од континуираната и отворена поддршка на Полска на македонскиот евроинтеграциски пат“.

-Упати благодарност за досегашната поддршка, посочувајќи дека полските искуства ќе ни бидат од голема корист за пристапниот процес кон ЕУ. Таа нагласи дека недвосмислено сме посветени на агендата за интеграција во ЕУ и во тој контекст изрази очекување за силна поддршка од меѓународните партнери и институциите на ЕУ за да се осигуриме дека процесот на нашето членство ќе продолжи непречено. Претседателката Сиљановска-Давкова порача дека е клучно европската перспектива на земјите кандидати да не биде попречувана од вето поради ирационални билатерални прашања, туку процесот треба да се води исклучиво низ призмата на исполнување на копенхагенските критериуми, информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

На покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија Сиљановска Давкова, учествува на Самитот за мир во Украина.

Целта на собирот е да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес.

На конференцијата, што се одржува на иницијатива на Украина, учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More