Home » Сиљановска Давкова се сретна со директорот на канцеларијата на Светската банка за Косово и за Северна Македонија, Масимилиано Паолучи

Сиљановска Давкова се сретна со директорот на канцеларијата на Светската банка за Косово и за Северна Македонија, Масимилиано Паолучи

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на канцеларијата на Светската банка за Косово и за Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.

На средбата претседателката изрази благодарност до Светската банка за континуираното партнерство и поддршка во поттикнувањето на општествениот развој и економскиот раст на земјата.

Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави досегашните напори на Светската банка во подобрување на деловната клима, зголемување на вработеноста и социјалната заштита и промовирањето на одржлив и зелен раст.

На средбата беше разговарано и беше поздравена новата Рамка за партнерство со нашата земја, како можност за дополнително јакнење на соработката со Светската банка и обезбедување на одржлив развој.

Во разговорот со Паолучи, претседателката изрази подготвеност и поддршка за натамошно вложување на заеднички напори со цел справување со тековните економски предизвици кои се од суштинско значење, како и реализација на иницијативи кои водат до јакнење на економијата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Во таа насока, претседателката ја истакна својата посветеност за унапредување на овие цели и промовирање на интересите на нашата земја преку економска дипломатија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk