Home » Сиљановска-Давкова пред претседателот на Азербејџан ги претстави инвестициските можности

Сиљановска-Давкова пред претседателот на Азербејџан ги претстави инвестициските можности

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се пријателски и во таа насока беше изразена посветеност за интензивирање и продлабочување на односите во културата, туризмот, образованието и други области од заемен интерес.

Давкова го истакна интересот од македонска страна за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзификација на изворите на снабдување со енергија.

Соговорниците се согласија дека треба да се продлабочат економските односи со конкретни билатерални договори, при што изразија задоволство од Меморандумот за разбирање меѓу македонски и азербејџански енергетски компании којшто се потпиша во Скопје со цел зајакнување на македонската енергетска стабилност.

На средбата претседателката ги претстави и инвестициските можности што ги нуди нашата држава. Од страна на претседателот Алијев беше изразена подготвеност за можни инфраструктурни проекти поврзани со гасификацијата на нашата држава.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за одличната организација на самитот и благодарност за гостопримството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk