Home » Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

by Журнал.мк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конститутивната седница на Советот за млади, што е формиран како повремено работно тело со цел да ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите во насока на унапредување на нивната положба во општеството.

Претседателката оцени дека Советот отвора уште една порта за младите, како можност да се чујат нивните мислења, да критикуваат и советуваат. Потенцирајќи ја стручноста и компентеноста на членовите, таа посочи дека Советот има човечки и творечки потенцијал да придонесе во креирање на младинските политики преку своите активности, идеи и предлози.

Посочувајќи дека сите ние треба да се грижиме за младите и да ја направиме државата пристојно место за живеење, таа ја потенцираше неопходноста да го спречиме егозодусот на младите, со тоа што битката за најумните и најобразованите ќе ја водиме овде.

„Само ако ја управуваме сегашноста ќе може да влијаеме на иднината. Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите“, порача претседателката на седницата на Советот.

Претседателката Сиљановска Давкова ги охрабри членовите на Советот отворено да разговараат и дискутираат за проблемите и предизвиците со кои се соочува општеството, да изнаоѓаат креативни решенија и даваат предлози за нивно надминување.

На конститутивната седница беше усвоен Деловникот за работа и беше дискутирано за идните настани и активности.

Претседателката на Советот за млади, Лина Рангелова, изрази очекување дека Советот ќе има суштинска улога и дека заеднички ќе изградат простор каде нивните идеи ќе се претвораат во дела.

Членовите се заблагодарија за можноста, укажаната чест и доверба да бидат дел од Советот за млади и изразија подготвеност да придонесат во креирање на квалитетни младински политики.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk