Home » Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“

Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“

by Журнал.мк

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на „Сити колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

-Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и „Сити колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Министерството за образование и наука во август го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за вонредни двегодишни студии од втор циклус за Паневропската извршна МБА-програма за академската 2024/2025 година.

Стипендиите се доделуваат под покривителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за насоките: општ менаџмент; маркетинг; финансии; менаџмент во логистика; менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси. Покриваат уписнина за 20 студенти за студии на оваа програма, која се реализира во Солун, со двојна диплома – од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство и од Универзитетот во Стразбур, Франција.

Конкурсот за овие стипендии е наменет за стручни лица од различни профили и бизнис менаџери вработени во компании од приватниот и од јавниот сектор.

Најдобрите дваесет кандидати се избираат според критериумите наведени во конкурсот за доделување на стипендиите и според ранг-листата изготвена од Комисијата за избор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk