Home » Сијарто: Сите обоени револуции завршија трагично и го дестабилизираа целиот регион

Сијарто: Сите обоени револуции завршија трагично и го дестабилизираа целиот регион

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека сите „обоени револуции“ завршиле трагично и дека тие го дестабилизираат целиот регион и посочи дека Србија е најочигледниот пример што „му покажа на човештвото дека е во опасна доба“.

„Во последните неколку години, меѓународните актери инспирираа неколку обоени револуции во различни делови на светот. Ние во Централна Европа отфрламе секој обид за мешање во нашите меѓународни односи и ќе се обидеме народот да биде претставен од демократски претставници, а не од невладини организации“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со министерката за европски интеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, пренесува МТИ.

Тој изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп што се откажа од „политичката стратегија заснована на мешање во работите на други земји“, нагласувајќи дека таквите обиди во земјите од Централна Европа, вклучително и Унгарија и Србија, достигнале „неверојатно ниво“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk