Home » Сијарто: Членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан

Сијарто: Членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан

by Журнал.мк

Крајно време е членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на Бледскиот стратешки форум.

Сијарто смета дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан.

„За жал има многу лицемерие во ЕУ кога станува збор за проширувањето, бидејќи повеќето од членките јавно зборуваат за тоа колку го поддржуваат приемот на нови земји, но на состаноците изнесуваат аргументи против тоа. Затоа е време членките на ЕУ да бидат јасни и да му дадат поддршка на Западен Балкан на патот кон европската интеграција“, рече Сијарто.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More