Home » Швајцарците на референдум не изгласаа забрана за експериментирање врз животни и не дозволија субвенции за медиумите

Швајцарците на референдум не изгласаа забрана за експериментирање врз животни и не дозволија субвенции за медиумите

by Журнал.мк

Граѓаните на Швајцарија, не го изгласаа барањето за забрана на експерименти врз животните.

„За“ забрана на експерименти врз животни гласаа само 21 процент од излезените гласачи, додека 79 беа „против“.

Иницијаторите сакаа да стават крај на сите експерименти врз глувци, стаорци и други животни, но наидоа на силно противење од огромниот фармацевтски сектор во земјата. Индустријата, која ги вклучува фармацевтските гиганти, вели дека таквите истражувања се потребни за да се развијат нови лекови.

Поддржувачите на забраната за тестирање на животни, за кои владините бројки покажуваат дека предизвикале смрт на повеќе од 500.000 животни во швајцарските лаборатории само во 2020 година, велат дека практиката е етички погрешна и непотребна.

Швајцарците го одбија и предлогот за субвенционирање на медиумите. Противниците предлогот го оценија како кражба на државната каса и обид медиумите да станат зависни од државата. Според нив, од мерките ќе профитираат големите медиумски групации.

Швајцарците на денешниот референдум се изјаснија и „за” забрана за рекламирање на тутун, бидејќи нив ги гледаат и деца и адолесценти. „За” забрана се изјасниле 54 отсто од излезените гласачи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More