15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаШукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не...

Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори

- Advertisement -spot_img

Во денешното телевизиско соочување на Канал 5 со противкандидатот Орце Ѓорѓиевски, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, се осврна на актуелната состојба со управувањето на отпадот во градот и на реалните потреби за ефикасно решавање на овој проблем.

„Дали е преамбициозно да се создаде функционален систем за управување со отпад? Секако дека е амбициозно, земајќи ги предвид состојбите во Скопје. Но, невозможно е само ако продолжиме да се потпираме на лошо функционирачки систем и неспособни управни структури“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека состојбите во ЈП „Комунална хигиена“ се алармантни: голем дел од опремата не е во функција, а депониите и контејнерите се преполни. „Не може било која компанија да собира и транспортира отпад без соодветна дозвола. Ова мора да биде акција која е добро систематизирана и планирана, со јасен редослед прво главните булевари, а потоа и маалските улици“, појасни таа.

Каја Шукова истакна дека Скопје има потреба од организиран и одржлив систем за управување со отпад кој ќе вклучува селекција, намалување на количината на отпад и третирање на отпадот како ресурс, а не како проблем. „Не станува збор за изговори, туку за реални состојби и системски решенија кои ќе ги донесат конкретни резултати за граѓаните“, подвлече таа.

Таа посочи дека граѓаните се разочарани од нереализирани ветувања во изминатите четири години, кога ниту едно јавно претпријатие не функционираше како што треба. Несоработката меѓу Градот и општините, како и нефункционалните управни одбори, ја продлабочиле кризата во управувањето со отпадот и јавните услуги.

„Граѓаните заслужуваат ефикасност, ред и транспарентност. Тоа е она што го нудам конкретни решенија и реален план за чисто, организирано и одржливо Скопје“, заклучи Шукова.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img