Home » Што се случува на грчката граница?!

Што се случува на грчката граница?!

by Журнал.мк

Долги колони возила и чекање од најмалку еден час се забележуваат попладнево на граничниот премин Евзони за влез во Македонија. Причината за метежот, како што пренесе Плусинфо, е враќањето на голем број македонски граѓани кои викендов решија да избегаат од нестабилното и дождливо време дома и да го поминат викендот на сончевите грчки плажи.

Додека во Македонија викендов врнеше дожд и температурите беа пониски од вообичаеното за мај, во Грција преовладуваше сончево и топло време, со температури над 28°C.

Голем број патници се жалат дека колоните речиси не се движат, а дел од возилата чекаат повеќе од еден час за да влезат назад во земјата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk