Home » Што има во приватната гаража на Путин?

Што има во приватната гаража на Путин?

by Журнал.мк

И додека очите на светот се вперени во Украина и додека се чека нов потег на рускиот претседател, официјалните власти ја забавуваат јавноста со некои побанални работи. Неодамна, официјален Кремљ објави што има во гаражата на претседателот Путин.

Иако неговото лично богатство на Запад се проценува на повеќе од 200 милијарди евра, што би го направило еден од најбогатите луѓе во светот, неговиот возен парк е многу поскромен од неговите конкуренти. Како и многу богати луѓе, тој има колекција на автомобили, но таа е далеку поскромна.

Според списокот на имот што го објави Кремљ, Владимир Путин има гаража од само 18 метри квадратни во која чува три автомобили и една приколка. А автомобилите се далеку од егзотични бидејќи неговата колекција се состои од два ГАЗ, поточно М21 Волга и Лада Нива.

Вториот го купил во 2009 година и го користел за да оди на риболов. Судејќи според фотографиите, се работи за врвна изведба која е опремена со многу уникатни детали како шноркели, големи бандажи и дополнителна заштита. Исто така, под хаубата се наоѓа мотор на Opel. Конечно, во гаражата има приколка Skif со шатор.

Рускиот претседател несомнено ја користи секоја можност да ја промовира домашната автомобилска индустрија. Така во 2015 година тој лично ја тестираше Лада Веста, додека за протоколарни должности ја избра домашната гордост Аурус Сенат, познат и како „руски Ролс-Ројс“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More