Home » Што е смртоносната легионела? Заразата од која денеска починаа три лица во Загреб демнее од клима-уредите

Што е смртоносната легионела? Заразата од која денеска починаа три лица во Загреб демнее од клима-уредите

by Журнал.мк

Оваа опасна бактерија влегува во човековото тело со вдишување и во некои случаи е фатална. Може да се најде и на места каде има застоена вода, а често се појавува како причина од човеково невнимание.

Три од пет лица починаа денеска во Хрватска како последица од заразување со опасната бактерија легионела. Тоа што е помалку познато е дека легионелата често се јавува во нередовно одржувани клима уреди, бидејќи тие се погодна површина за размножување на бактерии и габи. Легионелата во човековото тело влегува со вдишување.

Една од бактериите која може да живее во затворени системи во кои циркулира вода, како што се клима-уредите, е „Legionella pneumophila“, предизвикувач на легионерската и Понтијак грозницата.

Повеќето луѓе заболуваат од легионерска болест со вдишување на бактерија од вода или земја. Постарите возрасни луѓе, пушачите и луѓето со ослабен имунолошки систем се подложни на оваа болест.

Легионерската болест обично се развива два до десет дена по изложеност на бактеријата легионела. Често почнува со симптомите како главоболка, болки во мускулите и грозница проследена со висока температура. До вториот или третиот ден се развиваат и други симптоми како кашлица, краток здив, болки во градите, повраќање, дијареја, конфузија или други ментални промени.

Оваа мултисистемска болест, освен белите дробови, го зафаќа и црниот дроб, бубрезите, дигестивниот тракт и централниот неревен систем.

Заболуваат сите

Легионелата или легионерската болест ги погодува сите старосни групи, децата многу ретко, а почесто постарите луѓе, посебно оние со хронични заболувања на белите дробови, срцето и бубрезите. Посебно се загрозени луѓе со ослабен имунолошки систем. Болеста е околу три пати почеста кај мажите отколку кај жените, а во ризична група се пушачи и алкохоличари.

Според наводите на експертите, критични места за размножување на легионела се:

– неправилен приклучок на водовод

– врска со „техничка вода“

– поплавени цевки

– затворени делови на згради

– хотели кои работат сезонски

– рециркулација на вода

– органски „омекнувачи“

– топла вода

Мерки за превенција

Покрај редовното чистење на клима-уредите и редовна замена на филтрите, треба да се внимава и на клима уредите во автомобилите. Исто така, доколку долго не сте престојувале во својот станбен објект или викендичка, советот е да ја пуштите водата да тече десетина минути пред да ја користите. Исто така, обратете внимание и на местата каде се собира дождовница, која таму стоела долго.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More