7 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Штипските пожарникари гаснеа запален автомобил

Најчитани вести

Штипските пожарникари попладнево ја имаа и првата интервенција на терен. Командирот на смена во Територијалната Противпожарна единица, Тони Ѓеорѓијев вели дека по мирната новогодишна ноќ околу 14 часот, во населбата 8 Ноември гаснеле запален автомобил.

– На терен излеговме петмина пожарникари со две противпожарни возила, гаснењето одеше потешко, бидејќи се запали резевоарот за нафта, вели Ѓеорѓијев.

Според првичните информации не станува збор за намерно заплален автомобил, причината се гледа во инсталацијата на возилото, кое се претпоставува дека го има предизвикано пожарот. Во годината што измина штипските пожарникари беа постојано на терен, дезинфецирајќи ги улиците, градинките, училиштата и локалните институции, а истовремено справувајќи се со огнените стихии на отворено, но и спасувајќи ги домовите од огнените јазици.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести