Штипска Клиничка болница годината ја завршува со долг од 160 милиони денари. Пресметките покажуваат дека најголемиот долг е кон Центарот за тарнсфузиологија, кој изнесува 30 милиони денари, а се должи и за набавка на лекови и друг медицински материјал.
Најголемиот регионален болнички центар во источниот регион се очекува наредната година да има поголем буџет, а во 2025 година со работа ќе почне Ургентниот центар, модуларната болница, која е мета на крадци конечно ќе се пренамени и во неа ќе се отворат амбуланти за специјалистички прегледи.
Старите медицински апарати за сервисирање потрошиле околу 11 милиони денари, а пак за партиципацијата која ја плаќаат пациентите за лекување на некое од одделенијата, Клиничката болница е во загуба од осум милиони денари.