Home » Штајнмаер е реизбран за претседател на Германија

Штајнмаер е реизбран за претседател на Германија

by Журнал.мк

Франк-Валтер Штајнмаер беше реизбран за претседател на Германија. Тој вети дека во вториот мандат ќе се посвети на ублажување на последиците од пандемијата на коронавирус.

Во првиот круг за него гласаа 1.045 од 1.472 членови на таканаречената сојузна конвенција, составена од пратеници на националниот парламент и претставници на сојузните покраини.

„Го прифаќам изборот за претседател на Германија“, рече Штајнмаер, , по објавувањето на резултатите, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател во следните пет години.

За највисоката функција во земјата се натпреваруваа уште тројца кандидати – претставничката на Сојузот слободни гласачи Стефани Гебауер која доби 58 гласа, кандидатот на Левица Герхард Траберт со 96 гласа и кандидатот на Алтернатива за Германија Макс Оте кој го подржаа 140 членови.

Штајнмаер, кој како социјалдемократски политичар во првата влада на Ангела Меркел беше министер за надворешни работи, се истакна во својот прв мандат како посредник меѓу конфликтните страни во пристапот во борбата против пандемијата на коронавирус. Дополнително, ужива мнозинска поддршка од граѓаните.

Според аналитичарите, Штајнмаер е претседателот кој успешно ја водеше земјата низ неколку кризи за време на својот прв изборен период, од кои најголемата криза беше предизвикана од пандемијата на коронавирус. По победата, тој истакна дека сака да продолжи на согледувањето на социјалните рани предизвикани од пандемијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More