Home » Шпоретите на гас причина за смртта на повеќе од 40.000 луѓе во Европа секоја година

Шпоретите на гас причина за смртта на повеќе од 40.000 луѓе во Европа секоја година

by Журнал.мк

Околу 40.000 Европејци годишно умираат поради загадувањето што го испуштаат шпоретите на гас. Штетни гасови од шпоретите на гас поврзани се со болести на срцето и белите дробови, се наведува во студијата спроведена во Велика Британија и ЕУ.

Експертите предупредуваат дека јавноста не е доволно свесна за опасностите. Во просек, употребата на шпорети на гас го скратува животот на луѓето кои ги користат за речиси две години. Според нив, 36.031 предвремена смрт секоја година е од шпорети на гас во ЕУ и речиси 4.000 во Велика Британија.

Во студијата земени предвид се само ефектите од азот диоксид, а не и од другите гасови, како што се јаглерод моноксид и бензен. Шпоретите на плин испуштаат штетни материи кои доведуваат до воспалителни процеси во дишните патишта.

Секое трето домаќинство во ЕУ користи гас, а во Велика Британија 54 отсто. Процентот е уште поголем кај одредени членки на ЕУ, како Италија, Холандија, Романија и Унгарија – над 60 отсто.

ЕУ ги заостри правилата за квалитетот на воздухот на отворено, но не постави стандарди за квалитетот на воздухот во затворените простории. Исто така ЕУ бара постепено да ги исфрлат шпоретите на гас и да им понудат пари на луѓето за полесно да се префрлат на поздрава опција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk