Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де Ла Фуенте го соопшти списокот со фудбалери за натпреварите во Лигата на нации, а интересно е тоа што нема ниту еден фудбалер на Реал Мадрид.
Реал Мадрид е актуелен шпански шампион, но оваа сезона има лош почеток, па Де Ла Фуенте реши да не повика ниту еден фудбалер.
Дани Карвахал требаше да биде на списокот со фудбалери, меѓутоа се повреди и така отпадна од листата со шпански репрезентативци.