Home » Шпанската Влада предлага општо намалување на работната недела на 37,5 часа

Шпанската Влада предлага општо намалување на работната недела на 37,5 часа

by Журнал.мк

Владата на Шпанија денеска го утврди предлог-законот за општо намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа.

Околу 12,5 милиони работници во приватниот сектор со полно и скратено работно време во приватниот сектор ќе имаат корист од намалувањето, за кое Министерството за труд очекува да се зголеми продуктивноста и да се намалат отсуствата од работа.

– Намалувањето, кое веќе важи во државните служби и во некои сектори од економијата, првенствено ќе им користи на вработените во малопродажбата, производството, угостителството и градежништвото, изјави шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз.

За предлог-законот треба да се гласа во Парламентот, но владејачката левичарска коалиција нема доволно гласови. Предлогот е поддржан од главните синдикати, но не и од здруженијата на стопанствениците.

Шпанија има 40-часовна работна недела од 1983 година, кога беше намалена од 48 часа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk