Home » Шпанија го укинува носењето маски на отворено

Шпанија го укинува носењето маски на отворено

by Журнал.мк

Во Шпанија, каде што бројот на заразени со коронавирус е намален во последните две недели, повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски на отворено, соопшти денеска шпанското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Каролина Даријас денеска се состана со претставници на 17-те автономни провинции и сите се согласија да се укине задолжителното носење маски на отворено, кое е во сила од 22 декември. Мерката беше одобрена од сите провинции освен северната Баскија, која беше воздржана за време на гласањето.

Одлуката утре ќе ја потврди шпанската влада, па Шпанците во четврток би можеле да излезат на улица без маски. Носењето, сепак, се препорачува на места каде што се собираат повеќе луѓе и каде што нема доволно простор меѓу нив.

Во Шпанија на 21 јануари имаше рекордни 3.419 заразени на 100.000 жители, но тој број во понеделникот падна на 2.300. Намалување на новозаразените лица е забележано во сите автономни провинции, кои сепак сами одлучуваат за некои мерки, како што е барањето ковид-пропусници на влезот во кафулињата и рестораните.

На денешниот состанок е договорено и да се зголеми бројот на гледачи на спортските настани, така што максимално 85 отсто од гледачите ќе присуствуваат на фудбалски натпревари и други отворени простори, а во затворените простори, каде што се игра кошарка, дозволениот капацитет на трибините ќе биде 75 проценти.

Во Шпанија, од почетокот на пандемијата се заразија 10,2 милиони луѓе од вкупно население од 47 милиони жители.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More