Home » Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

by Журнал.мк

Државниот секретар за федерални и европски прашања на покраината Cеверна Рајна-Вестфалија, д-р. Марк Шпајх за Дојче Веле вели дека мора да се забрза процесот на пристапување на РМ во ЕУ.

Растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон ЕУ е разбирлива и Германија мора да стори нешто за да го забрза процесот, вели во разговор за ДВ, д-р Марк Шпајх, државен секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Cеверна Рајна-Вестфалија.

Можете да го почувствувате тој скептицизам или таа растечка фрустрација од процесот на пристапување кон ЕУ. И да бидам искрен, има добра причина за тоа. Мислам, процесот на пристапување сега трае 20 години и сè уште нема исход, така што тоа предизвикува фрустрација. За мене е многу разбирливо, па би рекол дека најдобриот начин да се оди напред е да се забрза процесот и мислам дека тоа мора да се случи од страна на ЕУ. И очигледно знаеме дека има одредени вето играчи и целата таа многу сложена игра. Но, мислам дека тука треба да ја примениме политичката моќ и мислам дека Германија треба да игра клучна улога овде во надминувањето на тие пречки. Единствениот начин да се спречи таа фрустрација е да се стави крај на процесот на пристапување, а крај за мене значи членство – вели Шпајх.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk