Стружани од исламска вероисповед, вработени во ИВЗ, членови на струшкото муфтиство и адвокати поднеле кривична пријава против Исламската верска заедница, поточно против струшкото муфтиство и функционерот Ади Муртиши од село Ладориште, за кривично дело злоупотреба на службената должност и непочитување на Уставот на ИВЗ, пишува Журнал.мк.
Понатаму во кривичната пријава се наведува дека причина за сето тоа е токму злоупотребата на службената положба, непочитувањето на Уставот на БФИ итн.
До:
Основно Јавно Обвинителство – Струга Основно Јавно Обвинителство – Скопје
КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Од Граѓани на Струга – на исламска вероиспадност, вработени во рамките на ИВЗ, членови на муфтиство и правници.
Против:
- ИСЛАМСКА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА на Република Северна Македонија Скопје- Организациона единица Муфтиство ИВЗ на РСМ Струга. Овластено лице Ади Муртиши од село Радолишта.
За кривично дело:
-злоуботреба на службена дејност и непочитување на Уставот на ИВЗ и Уставот на РСМ
-врз основа на член 29 од Уставот на Исламска Верска Заедница.
-Разделба / Конфликт меѓу членовите на муфтиство, персоналот на ИВЗ и џемаатот. Ние џемаатот и дел од членовите од Муфтиство на град Струга и околината бараме
ПОЧИТУВАЊЕ на Уставот на ИВЗ и Уставот на РСМ од страна на овластените особи во
Муфтиство Струга.
Сите незаконски одлуки донесени од страна на муфтијата и неговата оператива се неприфатливи за нас.
Според Уставот на ИВЗ член 29 :
‘‘Главен имам се именува од Реисул-Улема на предлог на Муфтиството. Главен имам теба да има завршено високо исламско образование.‘‘
Прекршувањето на член 29 од Уставот на ИВЗ од страна на Муфтијата Ади Муртиши кој има одбрано Главен имам на град Струга и околината со донесена едностранична одлука, односно без службено именување од страна на Реисул-Улема и без предлог на членовите на Муфтиство.
Главниот имам е одбран без оглас за вработување на главен имам, без мислењето на другите членови на Муфтиство и другите вработени во рамките на ИВЗ, не е дискутирано за квалифицирани и потенцјални кандидати за Главен имам ниту пак е дискутирано дали АБДУЛКАДРИ ШЕЈИ е квалификуван за Главен имам.
Нашето барање до овластените органи е да се превземаат потребните мерки за непочитувањето на уставот на РСМ и уставот на ИВЗ т.е. горонаведениот член 29 на Уставот на ИВЗ кој цитира:
Главен имам теба да има завршено високо исламско образование.
Ние џемаатот од Струга и околината сме запознаени и од самата особа АБДУЛКАДРИ ШЕЈИ кој ја врши функцијата на Главен имам дека нема заврешно ИСЛАМСКО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ (поточно нема завршено воопшто ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ) според Уставот на ИВЗ член 29 не е соодветен за позицијата Главен имам.
Ние бараме од Муфтијата и Муфтиството на Струга одговорност пред надлежните органи на ИВЗ и пред овластените правдни институции на Република Северна Македонија, исто времено изјаснување врз основа на кои мерки АБДУЛКАДРИ ШЕЈИ е прогласен за Главен имам.
Ние џемаатот бараме овластените особи на ИВЗ како верски службеници да бидат примерок за почитување на самиот Устав на ИВЗ и РСМ и Муфтиството на Струга да биде праведна институција без влијание на надворешни фактори.
Во Муфтиство Струга од страна на муфтијата Ади Муртиши се вработени особи неквалифицирани за позициите, ова ситуација рефлектира негативно врз џемаатот, одборите, членовите на Муфтиство и голем дел на имамите од Струга и околината бидејќи овој начин на функционирање истовремено дава простор за конфликти и разделби меѓу имамите т.е. унитетот на имамите и одборите во Струга е прирушење.
За непочитувањето на Уставот на РСМ и Уставот не ИВЗ односно прекршувањето на членовите ќе бидаат информиран и Јавно Обвинителство Скопје,Комисија за дисциплинска постапка, Меѓународниот Фактор,Парламентот на РСМ, Министерство за правда на РСМ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОСБЕ, Европската Унија и надлежните органи за злоупотреба на функција.
Во прилог: Копија од првата жалба, докази статуси објавени во официјалната FACEBOOK страница на Муфтиството Струга во кои Абдулкадир Шеји се потенцира како главен имам.
ЗАБЕЛЕШКА: Истиот прекршок на муфтиството на град Струга е пријавен во ИВЗ и Јавно Обвинителство на датум 26.08.2024 но никакви мерки не се превземани. Абдулкадри Шеји продолжуваа да биде представен како главен имам на град Струга.
Струга, 31.01.2025