Македонските прволигашки екипи Шкупи и Шкендија претрпеа порази на тест дуелите одиграни во Анталија.
Шкупи минимално беше поразен од екипата на Каисар од Казахстан (1-0). Единствениот гол на натпреварот падна во првиот дел, а за чаирчани ова беше втор пораз по оној од Полонија, додека ги победуваше Верес и Септември Софија.
Од друга страна Шкендија претрпе поубедлив пораз од украинскиот гигант Динамо Киев (1-3). Поведе фаворитот преку Андриј Јармоленко во 38. минута, а во вториот дел тетовчани израмнија со автогол на Диачук. Следеа два погодоци на Ванат за 1-3, меѓутоа Флорент Рамадани во 87. минута го ублажи поразот на Шкендија.