Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготовките за продолжението на сезоната во мак-фудбалот.
Шкендија денеска одигра нов пријателски натпревар на подготовките во Анталија каде беше поразена од Украина со 1-2.
Teтовци поведоа со 1-0 со голот на Бесарт Ибраими од пенал во 30. минута. Украинците израмнија на 1-1 преку Супријаха во 65. минута, додека конечните 1-2 ги постави Жунињо во 88. минута.