Home » Шкендија казнета за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика

Шкендија казнета за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика

by Журнал.мк

Фудбалскиот клуб Шкендија, поради нецивилизираното однесување на навивачите, кои пееја додека им се одаваше почит на жртвите во пожарот во Кочани, до крајот на сезоната ќе игра пред празни трибни. Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk