Шкендија е нов шампион на Македонија откако тимот од Тетово вчера со 2:1 тримуфираше над Работнички на домашен терен и со тоа и математички ја обезбеди петтата титула во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија првата титула ја освои во 2011 година, а потоа имаше две титули во низа во 2018 и 2019 година, четвртата титула ја освоија во 2021 година, а сега по петти пат Шкендија стана шампион на Македонија.
Со тоа тетовскиот тим ќе игра во квалификации за Лигата на шампиони, додека пак квалификации за Конференциска лига ќе играат Силекс кој заврши како втор и Работнички кој заврши на третото место. Останува битката за четвртиот патник во Европа, а тоа ќе биде победникот во Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум.
Тиквеш со вчерашната победа над Беса од 1:0 обезбеди опстанок во Прва македонска фудбалска лига, а пак Брера Струмица со 4:3 славеше над Шкупи пред својата публика и со тоа е пред директен опстанок во Прва лига.