Екипата на Шкендија Арачиново официјално информираше дека натпреварот против Работнички од Купот на Македонија нема да се одигра на стадионот на Фортуна во Сингелиќ, туку ќе биде преместен во Куманово.
Причината за ваквата одлука е отсуството на ВАР систем на стадионот Хасанбег, што беше клучен фактор натпреварот да се дислоцира на друг терен. Така, куп-пресметката ќе се одигра на стадионот на ФК Башкими во Куманово.
Од клубот најавуваат дека сите дополнителни информации околу терминот и организацијата на средбата ќе бидат соопштени дополнително.
Воедно, од Шкендија Арачиново упатија искрена благодарност до раководството на ФК Башкими за подготвеноста и континуираната поддршка, истакнувајќи дека вратите на кумановскиот клуб секогаш биле отворени кога тоа било потребно.
Останува да се види како промената на теренот ќе влијае врз двете екипи во борбата за пласман во следната фаза од националниот куп.








