Home » Шилегов распали по раководствата на СДСМ, најавува жешка пролет

Шилегов распали по раководствата на СДСМ, најавува жешка пролет

by Журнал.мк

СДСМ е заробена партија, ја водат октоирани лидери. Се огласи поране градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. На социјалните мрежи упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, нарекувајќи ги тезгароши. Шилегов не сакаше денеска да коментира со објаснување дека тоа што е напишано тоа е неговиот став.

Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, пишива Шилегов на ФБ.

Му возвратија од партијата. Од СДСМ велат дека остануваат на демократските принципи но во рамки на цивилизиран дијалог потсетувајќи го Шилегов дека СДСМ е најдемократската партија.

Во статусите на Шилегов е и пораката дека ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник.

„Есента е тешко време. Се скратува денот. Краток е. Во темница ништо не е видливо! На пролет, во март, ќе расцветаат цветови. Јагленот нит е за за зајци, нит е за зечеви. Кај се најдовте, кај нѐ запустивте“. – пишува Шилегов.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk