Home » Шилегов до Зечевиќ: Превисоко беше нивото кај така мал политички субјект, може бил приватно, тоа е негов проблем

Шилегов до Зечевиќ: Превисоко беше нивото кај така мал политички субјект, може бил приватно, тоа е негов проблем

by Журнал

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на СДСМ, Петре Шилегов, смета дека било погрешен потег што генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ, присуствувал на промоцијата на Нова алтернатива, партијата што ја презема неодмана актуелната градоначланичка на Скопје, Данела Арсовска.

Според Шилегов, станува збор за политички субјект, кој не заслужува такво ниво на внимание од СДСМ.

„Немаме политичка одлука зошто секретарот на партијата бил таму, не знам зошто тој беше таму. Дали бил приватно, не знам. Ако паријата добила покана, во ред е да се појавите таму, но не мислам дека таа партија и тој субјект го заслужува тоа високо ниво на присуство на Социјал-демократскиот сојуз“, изјави Шилегов во гостување во Дневникот на Сител.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk