Home » Шест случаи на семејно насилство пријавени во полиција

Шест случаи на семејно насилство пријавени во полиција

by Журнал

Во полиција вчера и денеска биле пријавени шест случаи на семејно насилство.

Како што информира МВР, во првиот случај изутринава во 2 часот во СВР Скопје, 41- годишна жена пријавила дека на 31 декември 2023 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т.

Во вториот случај денеска во 00.50 часот полицијата на подрачјето на Карпош го лишила од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје. Според пријавата, тој на 31 декември 2023 година физички ја нападнал неговата 36-годишна поранешна вонбрачна партнерка.

Во третиот случај, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во скопската населба Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје. Жената денеска во 2.30 часот го пријавила случајот во СВР Скопје.

На 31 декември 2023 година во 23.45 часот било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И.(26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.

Полицијата на 31 декември 2023 година во 13 часот во Гостиварско го лишила од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.

На 31 декември 2023 во 21.10 часот во полиција 38-годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(40).

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите. По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More