Угледниот Политико во денешен текст објавува дека две дами , екс функционерки на Македонија и Бугарија се во најтесниот круг за заменик на новиот генсек на НАТО, Марк Руте.
Марија Габриел е втората дама која се спомнува како евентуален заменик на првиот човек на најмоќната алијанса, но како што нотира и Политико, и Мајда Руге, виш политички соработник во тинк-тенк Европскиот совет за надворешни односи, ја гледа Радмила Шекеринска како идеален кандидат за оваа позиција.
Руге уште додава:
„За следниот заменик генерален секретар на НАТО ќе треба висока личност која е високо компетентна, има храброст, и е паметен во однос на Русија и исто така ги разбира предизвиците на Западен Балкан. Радмила Шекеринска одлично прилега на тој профил“
Порталот додава дека Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија. Германија, на пример, проценува дека Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа.