Home » Шекеринска: Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност

Шекеринска: Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност

by Журнал.мк

Шекеринска ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците од НАТО за дополнителна помош за Украина, вклучувајќи и испорака на противвоздушна одбрана, оклопни возила, беспилотни летала и муниција.

Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и за глобалната стабилност, порача заменик-генералната секретарка на НАТО Радмила Шекеринска, на неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ во Варшава.

Таа повика на зајакнување на поддршката за Украина сега, но и на подолг рок, потенцирајќи дека за да се обезбеди траен мир, земјата мора да остане силна. Шекеринска ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците од НАТО за дополнителна помош за Украина, вклучувајќи и испорака на противвоздушна одбрана, оклопни возила, беспилотни летала и муниција.

Таа нагласи дека НАТО помага долгорочно за зајакнување на вооружените сили на Украина, како преку финансиска поддршка, така и преку Програмата за безбедносна помош и обука за Украина (НСАТУ) и новиот Центар за заеднички анализи, обука и едукација НАТО-Украина во Полска.

Заменик-генералната секретарка на НАТО ја поздрави соработката меѓу Алијансата и Европската Унија, како и неодамнешните иницијативи на ЕУ за одбраната, истакнувајќи дека разговорите за меѓусебната соработка ќе продолжат со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и на состанокот на министрите за надворешни работи на Пактот, што вчера и денеска се одржува во Брисел.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk