Home » Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

by Журнал.мк

Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека не верува дека американската војска ќе се повлече од Косово, нагласувајќи дека НАТО продолжува да ја зајакнува својата присутност и соработка во регионот. Според неа, сите сојузници мора да придонесат повеќе, а тоа се гледа и во актуелните активности на Алијансата, пишува „Вијести“ од Подгорица.

„Веруваме дека ова води кон уште посилна Алијанса, што останува столб на колективната одбрана. И секако, соработката со ЕУ по ова прашање ќе продолжи“, рече таа без прецизно да одговори на прашањето што мисли за формирањето на армијата на Европската Унија кое се најавува со години.

Шекеринска истакна дека КФОР, кој е предводен од европски сојузник, продолжува да игра важна улога за безбедноста на Косово и регионот. Таа додаде дека зголемувањето на одбранбените средства од страна на НАТО членките е резултат на војната во Украина и на притисокот од Вашингтон за пофер распределба на трошоците меѓу Европа, Канада и САД.

Покрај тоа, таа коментираше и на воениот договор потпишан од Хрватска, Албанија и Косово, истакнувајќи дека тоа не е ништо необично и дека секоја земја има суверено право да склучува договори со други земји. Таа ги потврди напорите на НАТО да инвестира во постабилноста на Западен Балкан, како и на соработката со земји како што се Босна и Херцеговина и Србија.

„Нашиот сојуз опфаќа 32 земји кои се уште го имаат своето суверено право да склучуваат договори со други земји. Јас доаѓам од земја која неодамна се приклучи на Алијансата, во 2020 година, но се сеќавам дека претходно имавме разни одбранбени договори со членките на НАТО. Значи, ова не е ништо необично“, рече таа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk