Славната актерка Џоан Колинс се присети на снимањето на хит серијата „Династија“ во која осум години ја толкуваше улогата на Алексис Карингтон Колби. За време на панелот „Loose Women“, таа рече дека актерите, вклучително и таа, биле изгладнети на снимањето. Шефовите не ги пуштале да јадат, додека на сетот уживале во разни јадења.
„Не смеевме да јадеме ништо помеѓу оброците. Имаа многу лепчиња и десерти што ги јадеше персоналот, се здебелија повеќе од 10 килограми. Но, ни рекоа дека не смееме да јадеме. Да нè погледневте нас, изгледавме како инсекти“, рече таа.
На панелот Џоан откри и што задржала од снимањето на серијата. Станува збор за јакната што ја носеше на панелот. „Оваа јакна е единственото нешто што го задржав од серијата бидејќи изгледа класично“, истакна таа.
Колинс и претходно зборуваше за својата легендарна улога и откри кој ѝ бил најголемата инспирација за ликот. Потоа откри дека еден од најголемите обожаватели на серијата бил поранешниот американски претседател Доналд Трамп и дека тој ја инспирирал.
„Кога ме прашаа за кого размислував додека се подготвував за мојот лик Алексис, би рекла дека тоа е мешавина од Доналд Трамп, кој не беше претседател во тоа време, туку претприемач, и мојата пријателка која беше многу гламурозна и паметна жена“, рекла таа.
Потоа зборувала и за своите искуства на почетокот на кариерата во Холивуд. Во 1950-тите и 1960-тите Џоан се појавуваше во многу филмови, а во тоа време ѝ беше кажано дека ако сака да добива улоги, не смее да биде „гламурозна“.
„Не велам дека не ме ценеле. Но, имаше такво мислење како „да, таа е одлична, но не знае како да глуми, знае само да ги игра овие улоги, а првите критики беа само за мојот изглед“, рече таа претходно.