Home » Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

by Журнал.мк

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска повика на прекин на огнот во Либан и Газа, неколку дена откако Техеран истрела над 280 балистички ракети кон Израел, јави ДПА.

При посетата на сирискиот главен град Дамаск, Арагчи го опиша прекинот на огнот како „најитното прашање“, пренесе ИРНА.

Шефот на дипломатијата рече дека Израел е главната пречка за мирот и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на израелските „воени злосторства“ за да се постигне мирот во регионот.

Израел се закани дека ќе возврати по ракетните напади на Техеран, а една од можните цели се нападите врз иранските нуклеарни постројки, пренесува ДПА.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk