Home » Шефицата на германската дипломатија ја поддржа одлуката на Бајден да ја нападне Русија

Шефицата на германската дипломатија ја поддржа одлуката на Бајден да ја нападне Русија

by Журнал.мк

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази одобрување за извештајот дека американскиот претседател Џо Бајден и дозволува на Украина да користи американски ракети со долг дострел против одредени цели во Русија, пишува германската агенција dpa.

Говорејќи за германското радио Rbb, Баербок ја подвлече важноста да и се овозможи на Украина да ги неутрализира заканите од нивниот извор.

„Украинците не треба да чекаат ракетите да ја преминат границата, тие треба да можат директно да ги уништат местата за лансирање“, рече Баербок, мислејќи на принципот на самоодбрана. Баербок, од редовите на германските Зелени, рече дека нејзината партија во ова прашање се согласува со источноевропските партнери, како и со британската, француската и американската влада.

Социјалдемократската партија на германскиот канцелар Олаф Шолц не сака да му обезбеди на Киев оружје што ќе им овозможи на украинските сили да нападнат цели подлабоко на руска територија.

Министерката ги истакна уникатните предизвици со кои се соочува Украина, чии системи за противвоздушна одбрана стануваат неефикасни поради близината на руската граница и брзото дејствување на ракетите.

Според извештаите на медиумите, претседателот Бајден ја овластил Украина да користи ракети АТАКМС за да ги брани сопствените сили, особено во руската област Курск, која беше делумно окупирана од украински војници. Иако Пентагон и Советот за национална безбедност на САД одбија да ги коментираат извештаите, тие не ги демантираат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk