57
На 30 април во 16.25 часот во полицијата во Струмица било пријавено дека во 14.55 часот на тротоар на булеварот Маршал Тито лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот 62-годишната К.К. од Струмица.
Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.