Иако речиси цел натпревар играше со играч помалку, Барселона успеа да слави победа против Бенфика во Лисабон во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Барселона во дуелот против Бенфика од 22. минута имаше играч помалку, бидејќи Пау Кубарси доби директен црвен картон.
Искусниот чувар на мрежата имаше дури осум одбрани во натпреварот против Бенфика, без дилема беше главен актер во дуелот на двајца големи ривали во Лисабон, иако во 61. минута Рафиња постигна гол за неговиот тим.
Шчесни инаку се врати од пензија пред половина година, а првиот настап го имаше пред два месеца. Дојде како привремена замена, но стана прв голман на Барселона. Полјакот беше разочаран кога виде дека не беше прогласен за играч на натпреварот против Бенфика.
Тоа признание на крајот му припадна на Педри. Тоа го прокоментира голманот по натпреварот.
„Мислам дека заслужувам барем половина од таа награда што ја доби Педри. Го прашав пред малку: ‘Кој спорт го играм па не бев прогласен за играч на натпреварот?’. Сепак, најважно е што успеавме да победиме“, изјави Полјакот.