Home » Шчесни се исповеда: Бев убеден дека останувам во Јувентус, не очекував вакво сценарио

Шчесни се исповеда: Бев убеден дека останувам во Јувентус, не очекував вакво сценарио

by Lina Muslija

Војчех Шчесни го следеше чекорот на Тони Крос и реши да се пензионира на само 34 години, но за разлика од случајот на Германецот, Полјакот беше принуден да донесе таква одлука.

Извонредниот чувар на мрежата не пронајде мотив да остане во професионалниот фудбал откако не доби нов договор од Јувентус, а како што вели сега самиот, тоа било пресудно да донесе одлука која не ја планирал за ова лето.

Идејата на Шчесни била да остане во Јувентус уште една година и да се пензионира на 35 години, но поради размислувањата на одговорните луѓе во Торино, морал истата да ја донесе 12 месеци порано.

– Изминатите седум сезони во Јувентус не беа воопшто лесни, секоја сезона си носеше свој предизвик. Имав авантура која ќе ја паметам цел живот, иако сакав да трае уште малку. Се уште сакав да му помогнам на тимот во новата сезона, но одлуката не зависеше од мене. Не очекував да бидам исфрлен од проектот, не можев да замислам такво нешто. Зборував многу отворено со директорот Џунтоли на почетокот на минатата сезона и разговаравме за продолжување на договорот. Тогаш му кажав дека ќе се пензионирам во 2025-та година, а кога заврши минатата сезона, почнав да читам вести за преговори меѓу клубот и Ди Грегорио.

– На крајот од минатата сезона, бев убеден дека останувам во Јувентус, дури и кога ги читав вестите за Ди Грегорио, не сметав дека ќе бидам надвор од проектот на новиот тренер. Кога Јувентус ги затвори преговорите со Ди Грегорио, дојде одлука за прекин на договорот. Не се согласив со тоа, но морав да го прифатам.

– Сакав да играм уште една сезона и мислев дека можам да понудам многу, можев да им помогнам на младите играчи. После Јувентус, не бев подготвен за друг предизвик и затоа на крајот се повлеков. Иако не се согласувам со одлуката на клубот, немам лоши чувства кон Џунтоли. Го почитувам клубот и секогаш ќе бидам фан на Јувентус, – потенцира Полјакот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More