Home » Шар планина забрзано се соголува и на македонскиот планински бисер му се заканува еколошка катастрофа

Шар планина забрзано се соголува и на македонскиот планински бисер му се заканува еколошка катастрофа

by Журнал.мк

Се суши дел од смрчата на Шара. Климатските промени и инсектите поткорници ги ретчат пејсажите со ова дрво, кое на шарпланинскиот масив е лоцирано на најужната точка од неговото поднебје.

Мониторингот на Националниот парк Шар Планина утврдил и сушење на групни стебла, а обновата на ваквата шума е доведена во прашање. Од установата најави мерки за спас на смрчата.

И додека климата и штетниците ги напаѓаат дрвјата, човекот ги масакрира и сече од корен. Во селските атари на Шара над 50 % од шумата ја нема. Деградацијата на површините ја намалува и обновата на дрвјата.Од Националниот парк Шар Планина, велат дека последниве години се бележи намалување на пустошот на шумите, но борбата за враќање на шумскиот фонд ќе биде голема.

Дивата сеча веќе ги соголе и атрактивните планинарски патеки на Шара. Странска експертиза пак утврди дека главна причина за ерозивните процеси кои се случија на планинското подрачје каде имаше човечки жртви и голема материјална штета е човекот, кој ја масакрира шумата и создава нестабилност на самиот терен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk