Home » ШАНСИТЕ СЕ УДВОЕНИ, НО СЕПАК СЕ БЛИСКУ ДО НУЛАТА Астероидот 2024YR4 ќе нè посети во 2032 година?

ШАНСИТЕ СЕ УДВОЕНИ, НО СЕПАК СЕ БЛИСКУ ДО НУЛАТА Астероидот 2024YR4 ќе нè посети во 2032 година?

by Lina Muslija

Шансите за удар од астероидот 2024 YR4 на Земјата се удвоени, но сè уште имаме време да се подготвиме за траекторијата и таа е таква што имаме добри шанси да се справиме со неа.

Астероидот беше откриен кон крајот на минатата година, а она што ги наведе научниците да се премислат за шансите за удар се 1.000 симулации на траекторијата од кои 23 се покажале како фатални за Земјата. Тоа значи дека шансите за удар во 2032 година се само 2,3%.

Астеоридот би нè одминал на 240.000 километри, што е во домен на орбитата на Месечината, но тоа не се смета за опасно блиску.

– Дури и да се случи апсолутното најлошото сценарио, овој астероид не е доволно голем за да предизвика настан како изумирање. Најлошото сценарио е удар на Земјата, во густо населена област -​​ објаснуваат астрономите.

Би требало, како што велат, да ги евакуираме луѓето од ризичната зона, но би имале неколку години за тоа. На овој начин би ги намалиле можните последици на најниско ниво.

Шансите може значително да се зголемат повторно кога ќе наближува астероидот, но најверојатниот исход е дека тие на крајот ќе паднат на нула.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk