Home » ШАКИРА ГИ ЛЕЧИ РАНИТЕ ОД РАЗВОДОТ СО ПИКЕ ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА НОВ ДЕЧКО „Заменила Ферари за Твинго“, коментираат злобните фанови

ШАКИРА ГИ ЛЕЧИ РАНИТЕ ОД РАЗВОДОТ СО ПИКЕ ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА НОВ ДЕЧКО „Заменила Ферари за Твинго“, коментираат злобните фанови

by Lina Muslija

После раскинувањето со Жерар Пике, колумбијската пејачка Шакира изгледа поубаво од било кога и сега ги лечи раните од биолниот развод во прегратките на многу помлад актер.

Шакира (47) беше толку многу повредена од одлуката на Пике да ѝ се посвети на својата нова партнерка Клара Чиа Марта, што му се одмаздуваше на Пике со многу интриогантни стихови. Како, на пример, овој: „Замени Ферари за Твинго, Ролекс за Касио“.

Поради споменатите текстови, обожавателите на Шакира сега ги коментираат нејзините слики со младиот актер со зборовите: „Си заменила Ферари за Твинго“.

Новиот избраник на Шакирае актерот Лисјен Лавискон (32), познат по улогата во серијата „Емили во Париз“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

 

Пејачката наскоро ќе го објави својот прв албум по седум години, за кој неодамна зборуваше за „Сандеј тајмс“.

„Долго ја ставив кариерата во мирување, за да бидам со Жерар, за да може да игра фудбал, Љубовта бараше многу жртви“, рече таа.

Шакира и Пике ги имаат два сина, на возраст од 9 и 11 години. Пејачката живее во Милано со своите деца, додека поранешниот фудбалер остана во Барселона, а синовите може да ги гледа кога ќе посака.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More