Home » Шаќири во САД се сретна со конгресментот Пит Сешнс

Шаќири во САД се сретна со конгресментот Пит Сешнс

by Журнал.мк

Соединетите Американски Држави и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат развојот на образовниот систем во Северна Македонија. Ќе се обезбеди контиунитет на финансиската и логистичката поддршка што и досега беше овозможена преку повеќе американски организации, а ќе се направат и напори за директно поврзување на образовните установи во двете земји.

Ова е заклучокот од средбата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и конгресменот Пит Сешнс што денеска се одржа во американскиот Конгрес во Вашингтон, каде министерот е во неколкудневна посета.

-За време на средбата Шаќири го информираше Сешнс за актуелната состојба на образовниот систем во државата и за промените кои се случуваат, особено во делот на основното образование. Посочи дека фокусот е ставен на изработка на нови наставни програми и учебници, на подобрување на образовната инфраструктура и на подигнувањето на мотивацијата за работа кај наставниот и стручниот училишен кадар, информираат од МОН.

Американскиот конгресмен Сешнс изразил уверување дека ќе се заложи за поврзување на образовните установи во државата Тексас со училиштата и факултетите во Северна Македонија. Размената на искуства е важна особено за подобрување на квалитетот на наставата.

Средбата, како што информираат од МОН, е дел од агендата на министерот Шаќири, кој на покана на повеќе американски политичари е во посета на САД, каде покрај средбите со нив, предвидено е и предавање на американски универзитет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More