Home » Шаќири на средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј

Шаќири на средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј

by Журнал.мк

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј, на која се разговараше за тековните активности и состојбата во образованието, а фокусот беше ставен и на идните приоритети во работата на МОН и на поддршката која би можела да се очекува од британската страна во насока на реализација на програмските определби.

Двајцата соговорници се согласија дека во овој тековен период, најважно е што наставата продолжи да се реализира со физичко присуство во училница, затоа што тоа е опцијата која има најголема ефективност по однос на знаењето на учениците. Шаќири рече дека заедно со другите надлежни институции ќе ја следат ситуацијата и ќе дадат максимални напори за овој тип на настава да се одржи до крајот на учебната година.

Министерот нагласи дека и покрај тоа што воспитно – образовниот процес се организира во вонредни околности, сепак, тоа не смее да биде причина за занемарување на активностите со кои континуирано треба да се унапредува неговиот квалитет. Рече дека најважни цели се продолжување на процесот на дигитализација на образованието, вложувањата во нови наставни програми и учебници, поддршката кон наставниците, како и вложувањата во инфраструктурните услови.

Британската амбасадорка потврди дека Обединетото кралство останува партнер и силен поддржувач на Северна Македонија во заложбите за унапредување на образовниот систем, од кој, во многу голема мера зависи севкупниот напредок на државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More